Бруно Гимараеш се пресели од Лион во Њукасл Јунајтед во јануари 2022 година за неверојатни 42,1 милиони евра.
Од тогаш Бразилецот е составен дел од премиер-лигашот, играјќи добро го привлече интересот на гигантот од Мадрид. Тој постигна два гола во победата од 5-1 против Брентфорд минатиот викенд.
„Тука се чувствувам како дома. Имаше разговори со Реал Мадрид, тие се најголемиот клуб во светот. Но, тоа беше само разговор, ништо повеќе. Никогаш не се сомневав во овој проект, верував во него од самиот почеток. Отсекогаш сакав да играм во Премиер лигата и да уживам во тоа. Навивачите ме сакаат и јас ги сакам нив. Не се шегувам, овде се чувствувам како дома“, изјави Гимараеш.
Овие негови зборови секако не одат во прилог на Реал, како и на клубовите кои планираат да го купат, но се може да се случи до следното лето.
Гимараеш има договор со Њукасл до 2026 година. Доколку Реал навистина сака да стане сериозно, ќе мора да плати повеќе од моменталната пазарна вредност на Бразилецот од 50 милиони евра.