Верстапен: Тешко дека и догодина може да направиме ваков резултат

230

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, призна дека не очекувал да ја освои титулата на четири трки пред крајот на сезоната. Верстапен официјално стана шампион по завршувањето на Јапонското ГП и моментално е во предност од 113 поени пред второпласираниот Перез.

На почетокот на сезоната, Верстапен беше 46 поени зад Леклер на што Макс се пошегува дека ќе му требаат најмалку 45 трки за да ја надополни таа разлика.

„Во тој момент бевме многу вознемирени од ситуацијата. И со оглед на тоа како еволуираше сезоната како целина – во однос на густината на резултатите и минималната разлика во брзината на болидите – да, таквата празнина е навистина изненадувачка. Иако кога ќе ги погледнете настаните, ќе сфатите од каде дојде оваа предност. Така, на некој начин, мило ми е што помина како што помина. Ќе имаме долга сезона пред нас следната година. Како тим ќе се обидеме да се подготвиме најдобро што можеме и да се обидеме што е можно да бидеме поблиску до резултатот од оваа сезона, бидејќи ќе биде исклучително тешко да се повтори“, изјави Верстапен.

ПретходноЛШ: Интер извади големо реми на „Камп Ноу“, Ливерпул го растури Ренџерс за осминафинале (ВИДЕО)
СледноКројф: Разочарувањето трае еден ден, сега мора да мислиме на Реал