Важна победа за македонската ракометна репрезентација во СЦ „Борис Трајковски“ против Луксембург од 38-24 на стартот на квалификациите за пласман на Европското првенство 2024 година.
Вечерва на дело ја видовме иднината. Веќе во составот не преовладуваат многу искусни имиња. Убаво кажа селекторот, Кирил Лазаров, има поискусни млади играчи и неискусни млади играчи. Можеби грешеа во второто полувреме, но сето тоа паѓа во сенка, бидејќи на дело покажаа дека се „гладни“ за голови, за победи…мотивирани се до него, посакуваат и тие да ја направат македонската јавност горда.
Го продолжија трендот на своите претходници, го одбранија домашниот терен и ја продолжија серијата од 15 меча без пораз.
Првиот испит е положен, на ред е Турција и жешкиот терен во Ван.