Во ЛШ станува интересно, Барса вечерва против Интер нема право на грешка

122

Вечерва се играат уште осум натпревари од 4.коло од групната фаза на Лигата на шампионите. Некои од нив ќе бидат решавачки и ќе ги одредат патниците за следната фаза како и ги даде оние екипи кои ќе ги загубат шансите за место во елиминациите.

Во групата Ц без сомнеж Баерн без проблеми ќе избори место во наредната фаза. Веќе има 9 поени, а вечерва гостува кај Викторија од Плзен. „Баварците“ имаат шанса со победа да се пласираат во осминафиналето, но тоа зависи од резултатот на дуелот меѓу Барселона и Интер.

А токму тој дуел на „Ноу Камп“ е црешката на врвот на тортата вечерва. „Нероаѕурите“ победија со 1:0 во Милано во меч кој остана во сенка на неколку спорни судиски одлуки. Барселона остана со само 3 бода по првите 3 кола и единствено со победа ќе ги задржи шансите за место во осминафиналето. А Интер сигурно би бил задоволен и со реми, меѓутоа преголем „ризик“ е четата на Симоне Инзаги да се постави дефанзивно и да го брани голот.

Во групата А Наполи се забавува со противниците. Пред една недела Наполи го растури Ајакс со 6:1 и тоа во Амстердам. Сега Холанѓаните треба да покажат дека тоа било само лош ден. Но како играат момците на Лучано Спалети тогаш прашање е дали Ајакс ќе успее да откине некој бод од стадионот „Диего Марадона“. Со победа Наполи е сигурен осминафиналист.

Во оваа група Ливерпул, кој досега запиша две победи, но се мачи во Премиер лигата, ќе игра со Ренџерс на „Ајброкс“. „Црвените“ имаат големи проблеми во дефанзивниот ред поради повреден играчи, па ќе видиме како четата на Клоп ќе делува на овој меч.

НАТПРЕВАРИ
АТЛЕТИКО – БРИЖ        18:45 ч.
НАПОЛИ – АЈАКС            18:45 ч.
БАЕР ЛЕВЕРКУЗЕН – ПОРТО       21:00 ч.
БАРСЕЛОНА – ИНТЕР    21:00 ч.
РЕНЏЕРС – ЛИВЕРПУЛ  21:00 ч.
СПОРТИНГ – МАРСЕЈ    21:00 ч.
ТОТЕНХЕМ – АЈНТРАХТ                21:00 ч.
ВИКТОРИЈА ПЛЗЕН – БАЕРН      21:00 ч.

 

ПретходноОхрид подобар од Детонит, Караорман со гостински бодови кај Кожуф
СледноХаланд има братучед кој растура во норвешките младински лиги!