Македонија денеска одигра одличен меч против Луксембург на стартот на квалификациите за ЕП 2024. Еден од најискусните во нашиот „нов“ тим, Гоце Георгиевски, по мечот вели дека сме ја оправдале улогата на фаворит.
„Ние бевме фаворити и пред почетокот на мечот. Ја оправдавме таа улога бидејќи одигравме еден добар меч со 38 постигнати гола. Сега треба да се подготвиме за недела. Турција е подобар тим од Луксембург, треба добро да се подготвиме и да извојуваме победа и на овој меч“, вели нашето крило.