Македонската ракометна репрезентација вечерва (19 часот) во СЦ „Борис Трајковски“ го пречекува Луксембург во рамките на првото квалификациско коло за пласман на ЕП 2024 година.
Ова ќе биде прв меч без Стојанче Стоилов, Кирил Лазаров и Филип Миркуловски, македонската јавност на дело ќе ја види „новата“ Македонија.
Предводникот на нашиот најдобар национален тим, Лазаров го објави списокот за пресметката со Луксембург. Очекувано, го нема Дејан Манасков, кој беше најавен дека нема да може да помогне поради повреда, а на голот нема да биде ниту Мартин Томовски. Од списокот од 21 ракометар отпаднаа Костадин Петров, Марко Митев и Михајло Младеновиќ.