Лазаров: Чест ми е што водам ваков талентиран тим! Се случуваа грешки кои не смеат да се повторат!

327

Новата Македонија имаше старт на квалификациите за пласман на ЕП 2024 година за мерак, на домашен терен максимално ја оправда улогата против аутсајдерот Луксембург совладувајќи го со двоицфрена разлика 38-24.

Победникот на оваа средба беше решен по едно полувреме, а за прв пат по долго време дури 13 ракометари се запишаа во листата на стрелци.

„Честитки на моите играчи за победата, за максимално професионалниот однос од нивна страна, максимално ја одработија задачата. Многу е тешко да се држи екипата мотивирана при 11 гола разлика, од другата страна бев играч и го разбирам тоа. Во второто полувреме паднавме со ритамот, пробав да им кажам на играчите да го искористиме за тренинг. Се случуваа грешки кои против посилни противници ќе не чинат повеќе.

Добија сите минутажа, на младите играчи им значи многу, македонската јавност може да е награди и обратно. Се надевам дека ќе им значи секоја минута. Имам поискусни млади играчи и неискусни млади играчи. Одиме напред Турција е сериозен противник, жежок терен, важен и клучен натпревар, очекувам екипата да биде пофокусирана. Знам дека имам професионалци во тимот, чести ми е и задоволство што можам да водам ваква млада и талентирана екипа, се покажа дека фалат мечеви. Не е сеедно оваа репрезентација е без мене, стоилов, Миркуловски, се надевам дека ќе напредуваме и ќе играме повеќе натпревари“, изјави Лазаров на прес-конференцијата. 

 

ПретходноГеоргиевски: Одигравме добар меч, на ред е Турција
СледноТалески по убедливата победа: Во Турција одиме со „ладни глави“