ЛШ: Интер извади големо реми на „Камп Ноу“, Ливерпул го растури Ренџерс за осминафинале (ВИДЕО)

569

Фудбалерите на Интер извадија реми на гостувањето кај Барселона (3:3) и со една нога зачекорија кон осминафиналето од Лигата на шампионите. Во мечот кој беше дерби на вечерта во Лигата на шампионите, Каталонците не успеаја да ја искористат домашната предност, а Интер одигра одличен меч и успеа да дојде до резултат кој ветува европска пролет.

Со голот на Дембеле Барселона водеше по првиот дел со 1:0, но во второто полувреме со головите на Барела и Мартинез Интер направи пресврт за 1:2. Барселона израмни преку Левандовски на 2:2, но Госенс во 88. минута носи ново водство за Интер (2:3). Конечните 3:3 ги постави Левандовски во 92. минута.

Во вториот меч во групата, Баерн (М) очекувано ја оствари и четвртата победа. Германците имаа доминација во едно полувреме, па со 4 гола за 45 минути ја најавија очекуваната победа против Викторија Плзен. Домашните во второто полувреме ја искористија опуштеноста на гостите и со два гола успеаја да го ублажат поразот.

Во групата „А“ Ливерпул со убедлива победа од 7:1 на гости кај Ренџерс им се приклучи на Наполи меѓу патниците во осминафиналето. Шкотите први поведоа, но Ливерпул се врати силно и со два гола на Фирмино направи целосен пресврт. Потоа погоди и Дарвин Нуњез за 3:1, па откако влезе во игра во финишот, Мохамед Салах за 6 минути постигна хет-трик.

Во групата „Б“ Порто беше убедлив на гостувањето кај Баер во Леверкузен и славеше со 3:0. По голот на Галено во 6. минута во вториот дел гостите погодија двапати од пенал преку Тареми за 3:0 и пробив до второто место во групата зад Бриж кој веќе е во осминафиналето.

Во групата „Д“ се беше решено во првите 45 минути. Олимпик (М) со головите на Гендузи од пенал и на Алексис Санчез од игра со 2:0 славеше во Лисабон кај Спортинг, додека Тотенхем откако прими гол во 14. минута на мечот со Ајнтрахт на домашен терен, успеа да направи целосен пресврт за 15 минути и со двата гола на Сон и еден од пенал на Кејн да дојде до 3:1 кои се покажаа и како клучни за победникот на мечот. Гостите намалија во финишот на 3:2.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – 4 КОЛО

ГРУПА „А“

Наполи – Ајакс 4:2

Ренџерс – Ливерпул 1:7


Standings provided by Sofascore

ГРУПА „Б“

Атлетико (М) – Бриж 0:0

Баер (Л) – Порто 0:3


Standings provided by Sofascore

ГРУПА „Ц“

Барселона – Интер 3:3

В. Плзен – Баерн (М) 2:4


Standings provided by Sofascore

ГРУПА „Д“

Спортинг (Л) – Олимпик (М) 0:2

Тотенхем – Ајнтрахт (Ф) 3:2


Standings provided by Sofascore

ПретходноЦела скандинавија сака да биде домаќин на ЕП во фудбал за жени
СледноВерстапен: Тешко дека и догодина може да направиме ваков резултат