ЛШ: Наполи и Бриж заверија осминафинале, Атлетико (М) во шок (ВИДЕО)

85

Фудбалерите на Наполи и по четвртипат славеа во групата „А“ од Лигата на шампионите, откако вечерва на домашен терен двапати вод ве недели го совладаа Ајакс, овој пат со 4:2. Наполитанците со два гола во првото полувреме покажаа дека јуришаат на четвртата победа со која и математички заверуваат осминафинале на две кола пред крајот на групната фаза.

Лозано и Распадори погодија во првиот дел, по што на стартот на второто полувреме гостите преку Клаасен намалија на 2:1.

Следуваше гол од пенал на Кваратскелија за 3:1, па нов погодок од пенал, овој пат за Ајакс преку Бергвијн за 3:2. Осимен успеа во последната минута од регуларниотд ел да ги постави конечните 4:2.

Атлетико (М) на домашен терен играше меч „да се биде или не“ против сензационалниот лидер во групата Бриж и на крајот не успеа да победи. Само 0:0 за тимот на Симеоне кој останува да каска зад лидерот Бриж кој со 10 бода со двете нозе зачекорува кон историско осминафинале. Гостите беа со играч помалку во послендите 10 минути поради исклучувањето на Соу, но ниту тоа не успеа да го искористи АТлетико.

ПретходноСтрашен почеток: Новата Македонија го „прегази“ Луксембург со 14 гола разлика
СледноФутсал репрезентацијата освои голем бод против Италија (ФОТО)