Новата трибина на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола го добива својот конечен лик. Изгеадбата е пред крај и во прашање се само деталите. Веќе трибината е готова, а во моментов се редат столчињата. Секако во зелена боја препознатлива за ФК Пелистер и битолскиот фудбалски миленик.
Покрај ова, во завршна фаза а и подготовката за поставување на рефлекторите на стадионот, со што ќе се овозможи и играње на вечерни натпревари во Битола.
Тоа во овој град одамна се чека, а би требало се да биде готово до крајот на оваа календарска година.