На Серхио Рамос му се заканува суспензија од седум меча!

160

Стоперот на ПСЖ, Серхио Рамос би можел да биде суспендиран на седум натпревари поради исклучувањето на натпреварот против Ремс минатиот викенд, пренесуваат француските медиуми.

Според RMC Sport, судијата во извештајот од натпреварот не споменал никаква навреда од Серхио Рамос. Наместо тоа, шпанскиот дефанзивец беше исклучен поради агресивен предизвик откако го доби првиот жолт картон.

Сепак, на снимката што ја прикажа Канал плус се гледа дека Рамос на францускиот судија му кажал „пута мадре“ на шпански. Доколку ова се покаже како точно, Рамос би можел да добие суспензија од два до дури седум натпревари.

Според РМС, тешко дека ќе биде применета најстрога казна.

ПретходноРудигер настрада жестоко: „Заработи“ 20 конци, па се огласи!
СледноЛазаров одбра за Луксембург: Дефинитивно без Манасков, но и Томовски!