Новак ќе игра на Австралија опен само ако дозволи Владата

544

И покрај голготата што ја помина во јануари во Мелбурн, Новак Ѓоковиќ би играл на Отвореното првенство на Австралија на почетокот на идната година но настапот зависи исклучиво од Владата на таа земја.

Челниците на Австралискиот тениски сојуз објавија дека нема да се мешаат во случајот и дека нема да лобираат за Ѓоковиќ да игра на првиот гренслем во сезоната па ќе го препуштат случајот на властите.

Нема да лобираме кај нашата влада за случајот со Ѓоковиќ. Тие мора да ја разрешат целата ситуација и недоразбирањето, а ние ќе мора да ги почитуваме нивните одлуки. Разговаравме со Новак и тој знае дека сакаме да го видиме на Австралија опен и ја прифати ситуацијата“, изјави Крег Тили, првиот човек на Австралискиот тениски сојуз и директор на АО.

Новак има забрана за влез во Австралија до 2025 година откако беше „заглавен“ на аеродромот во Мелбурн неколку денови и потоа депортиран назад.

 

ПретходноУЕФА ќе прави групи за ЕП во Германија, а нема да ги знае учесниците!?
СледноIN MEMORIAM: Почина првиот ракометен селектор на Македонија, Славе Атанасовски-Чаве