Ањели на Јуве по поразот: Ова е срамота! Вистински момент за превземање одговорност!

366

Макаби Хаифа го победи Јувентус со 2:0 во четвртото коло од Лигата на шампионите. Овој дуел можеше да заврши и поубедливо во корист на домашниот тим кој се изнапромаши. Со овој пораз Јувентус теоретски ја загуби шансата да се пласира во осминафиналето. ПСЖ и Бенфика имаат по осум бода, Јувентус и Макаби имаат три.

Јувентус на Масимилијано Алегри игра очаен фудбал. Во последните пет натпревари има две победи и три порази. Јувентус загуби од Милан во саботата и со тоа практично испадна од трката за првото место во Серија А. Се очекуваше дека Алегри ќе добие отказ, но претседаелот Андреа Ањели изјави дека Алегри останува и додаде:

„Ова е срамота. Им се извинувам на навивачите. Ова е тешка ноќ во тежок период. Еден од најтешките периоди и вистинскиот момент за преземање одговорност. Затоа сум тука, но Алегри е и ќе остане тренер на Јувентус“.

Навивачите на Јувентус долго време веруваа дека Алегри заслужува да добие отказ. Сепак, клубот е тешко да го направи тоа поради финансиски причини. Имено, Алегри минатото лето потпиша четиригодишен договор вреден девет милиони евра по сезона. Во случај на отказ, Јувентус би морал да му го исплати остатокот од парите.

ПретходноАнчелоти се налути: Имате храброст да ме прашате тоа? Нема да ви одговорам!
СледноРудигер настрада жестоко: „Заработи“ 20 конци, па се огласи!