Симеоне одговори на прашањето дали ќе го напушти Атлетико

183

Тренерот на Атлетико Мадрид Диего Симеоне нема да си оди од клубот и покрај слабиот старт на сезоната. „Јорганџиите“ се на четвртото место на табелата во Ла Лига со скор од 5 победи, 1 реми и 2 порази. Ако во првенството може да се каже дека е солиден, во ЛШ не тргна добро. По победата над Порто (2:1) во 1. Коло нанижа два порази, на гостувањата кај Баер Леверкузен и Клуб Бриж па падна на последното место во групата.

Вечерва ќе мора да го совлада Бриж на домашен терен за да се врати во игра за осминафинале.

Нема да си одам од Атлетико. Ја чувствувам истата поддршка како и претходно. Во последно време често ме прашуваат дали се гледам себе  си во друг клуб… Секогаш им велам „НЕ“. Без сомнеж мојата иднина е во Атлетико“, изјави Симеоне.

ПретходноПСЖ платил за креирање на лажни профили за да го критикува Мбапе на социјалните мрежи?
СледноНиту новата Македонија не простува, Луксембург „демолиран“ по 30 минути!