Филип Талески одигра одличен натпревар, покажа дека веќе прераснува во еден од лиерите на младата генерација. Неговото искуство минато во дресот на Македонија не дозволува да „лета во облаци“, знае дека можеа повеќе и подобро.
„Честитики до Луксембург за фер и коректната игра. Голем процент од она што го договоривме го исполнивме. Сепак како што кажа селекторот, не смее да си дозволиме пад во играта. Тука мислам за второто полувреме, не смее да дозволиме противникот да се врати, сето тоа ќе не чини многу против послни противници. Мора да продолжиме да работи. Останува во Турција да одиме со ладни главни“, изјави Филип Талески.
Македонија во недела и гостува на Турција во Ван, ќе има доволно време за одмор и подготовка.