УЕФА ќе прави групи за ЕП во Германија, а нема да ги знае учесниците!?

116

Раководството на УЕФА донела по малку чудна и необјаснива одлука. На официјалниот сајт на европската куќа на фудбалот е објавено дека ждрепката за групите кои ќе бидат дел од Европското пренство во Германија 2024 година ќе се одржи во декември 2023 година во Хамбург. Тоа е се во ред, доколку до тој момент би се знаеле сите учесници на турнирот но тоа нема да биде така. Баражите со кои ќе се добијат последните три учесника на турнирот се закажани за март 2024. Тоа значи дека УЕФА ќе формира групи без да ги знае сите учесници.

Уште од поодамна е познато дека на домаќинт Германија ќе му се приклучат уште дваесет репрезентации од квалификациите, односно првопласираните две селекции од десет групи. Потоа, трите преостанати учесници ќе бидат познати по баражот во кој ќе учевствуваат победниците на Лигата на Нациите кои не успеале да се пласираат на ЕП преку регуларните квалификации.

 

 

ПретходноХаланд има братучед кој растура во норвешките младински лиги!
СледноНовак ќе игра на Австралија опен само ако дозволи Владата