Футсал репрезентацијата освои голем бод против Италија (ФОТО)

520

Со гол во последните секунди на мечот, Македонија успеа да извлече голем бод на домашен терен во мечот со Италија од 2. коло во квалификациите за СП во футсал. Во СЦ „Јане Сандански“, избраниците на селекторот Васко Скендеровски одиграа 3:3 против Италија и дојдоа до првиот бод, откако пред неколку дена на гостувањето против Шведска беа поразени со 5:2.

Головите за Македонија вечерва ги постигнаа Рамадани, Де Соуза и Крстевски, додека за Италија два гола постигна Мота, а еден беше дело на Ло Сисеро. Треба да се напомене дека Италија водеше со 3:1, но нашите момци се созедоа во финишот и успеаја да погодат двапати за реми.

ПретходноЛШ: Наполи и Бриж заверија осминафинале, Атлетико (М) во шок (ВИДЕО)
СледноГеоргиевски: Одигравме добар меч, на ред е Турција