Халанд има братучед кој растура во норвешките младински лиги!

230

Малиот град Брине во Норвешка со популација од околу 12,000 жители за некоја години веројатно ќе го даде новиот голгетер на европскиот фудбал, Алберт Браут Тјаланд кој е братучед на попознатиот Ерлинг Халанд.

Халанд се прослави во Борусија Дортмунд, а го крена своето ниво на популарност во Премиер лигата. Во првите 9 меча за Сити постигна 15 гола (9 во Премиерлигата и пет во ЛШ).

А Тјаланд има 18 години, а веќе „растура“ во норвешките младински лиги. Тој како и Халанд ја почнал кариерата во Брине, а покрај тоа што имал 11 години бил префрлен во тимот до 13 години.

Тој во 2021 година потпишал за Молде (исто како и Халанд), но е вратен на позајмица во Брине. До сега има 64 гола на 37 натпревари. Ако продолжи со ова темпо и тој ќе блесне во дресот на некој голем клуб во некоја силна лига.

 

ПретходноВо ЛШ станува интересно, Барса вечерва против Интер нема право на грешка
СледноУЕФА ќе прави групи за ЕП во Германија, а нема да ги знае учесниците!?