Цела скандинавија сака да биде домаќин на ЕП во фудбал за жени

92

Четирите скандинавски земји: Данска, Финска, Норвешка и Шведска поднесоа заедничка кандидатура за домаќин на Европското првенство во фудбал за жени во 2025 година. Претставниците на фудбалските федерации ја соопштија својата одлука, нагласувајќи и дека имаат поддршка и од Исланд и од Фарските Острови.

„Женскиот фудбал во нордиските земји има толку многу што да понуди!“, изјави Лисе Клавенес, претседател на Норвешката фудбалска федерација (НФФ). Предлагаме да ја споделиме со остатокот од Европа нашата обединета амбиција да оставиме трајно наследство“, додаде таа.

Градовите кои во моментов се понудени за домаќини се Копенхаген, Стокхолм, Осло, Хелсинки, Одензе, Гетеборг, Трондхајм и Тампере.

ПретходноПерез во јануари ќе го „избрка“ Еден Азар?
СледноЛШ: Интер извади големо реми на „Камп Ноу“, Ливерпул го растури Ренџерс за осминафинале (ВИДЕО)