Екипата на Феникс дефинитино и оваа сезона има сериозни амбиции во прволигашкото друштво. Раководството на клубот потпиша ново име.
Станува збор за Најџи Гарвин. Американецот кој ја покрива центарската позиција доаѓа како големо засилување за битката под обрачите.
За Гарвин кој во колеџ сезона бележи настапи за престижните универзитети Шарлот, Сејнт Николс и Хемптон oва ќе биде прво европско искуство. Минатата сезона во која бележи просек од 15.2 поени, 6.5 скока и 1.2 асистенции по натпревар.