Јовановски и Кожуф се разделија спогодбено

314

Ѓоре Јовановски и македонскиот второлигаш Кожуф спогодбено ја завршија соработката. Гевгеличани ќе добијат ново тренерско име, откако по тримесечна соработка, Јовановски си заминува од кормилото на тимот.

Јовановски уште минатата недела си замина од тимот, па денеска и не беше на клупата на гевгелискиот состав за дуелот со Караорман кој Кожуф го загуби дома со 2:0.

Кожуф моментно е на 10. позицијата на табелата во ВМФЛ.

ПретходноНекогашниот шампион на Австралија опен дебитираше во Еврокупот
СледноСтрашен почеток: Новата Македонија го „прегази“ Луксембург со 14 гола разлика