Љупчо Димовски е новиот шеф на стручниот штаб на Тетекс. По заминувањето на Даниел Радевски, откако тетовци кататстрофално беа поразена од Беса во минатото коо, клупата на Тетекс остана празна а раководството на клубот одлучи довербата да ја добие искусниот тренер Љупчо Димовски. Тој е познат наш стратег, некогашен тренер на неколку наши второлигашки и прволигашки екипи, има и интернационална кариера.
Димовски денеска го одработи првиот тренинг со “штофарите“. Инаку не е тајна дека него, како и целиот Тетекс, го очекува жестоката битка за опстанок во ВМФЛ. По 7.коло “штофарите“ се на 12.место со 7 бодови. Димовски своето деби ќе го има во недела и тоа против Гостивар.