Во понеделник на 17 октомври, во парискиот „Театар ду Шател“ ќе се одржи гала-вечерта на магазинот „Франс Фудбал“ на која вообичаено се доделува „Златата топка“. Главен фаворит за освојување на престижната награда е Карим Бензема, а со денови наназад протекуваат информации и за останатите кои влегуваат во главната тројка кандидати за престижната награда.
Како и обично, церемонијата ќе донесе присуство на многу големи ѕвезди од светот на фудбалот во Париз. Веќе е познато дека на гала-вечерта ќе биде присутен Кристијано Роналдо, кој сака да му даде поддршка на својот голем пријател, Карим Бензема. Сепак, иако најавен, на вечерата се чини нема да се појави младата ѕвезда на ПСЖ, Килијан Мбапе. Според весникот „Ле Паризиен“, ѕвездата на Пари Сен Жермен веќе знае дека нема да ја освои Златната топка и нема да биде ниту во првата петорка во изборот. Ова е прилично разочарување за него, бидејќи не толку одамна изјави дека очекува годинава да биде на подиумот со најдобрите тројца. Мбапе лут на изборот на новинарите, решил да го откаже своето доаѓање на изборот.