Димитријевиќ блеска во ВТБ-лигата, со 19 поени го предводеше Уникс до нова победа!

101

Уникс Казан продолжи во ист ритам, и по третото коло во ВТБ лигата тимот за кого настапува македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ остана непоразен. Избраниците на Велимир Перасовиќ на гостувањето кај Нижни Новгород славеа со 57-75.

Димитријевиќ и овој пат беше клучна фигура во триумфот на Уникс Казан, беше прв стрелец.

Нашиот најдобар кошаркар зад своето име запиша 19 поени (0/1 за три, 7/14 за два, 5/5 за еден поен), а за нецели 24 минути во игра додаде уште два скока и три асистенции.

Мечот Уникс го доби благодарение на одличната игра во третата четвртина во која постигна 21 поен, а прими само пет. Домашниот состав се обидуваше да се врати по 20-15 во третиот период, но Уникс ги оддолеа нападите, на пет минути до крајот на мечот водеше со 48-67, веќе беше јасно дека оваа средба ќе заврши во една насока.

ПретходноГООООЛ: Тричко го “стресе“ Фенер! (ВИДЕО)
СледноЧелси со 300 милиони евра купува четири ѕвезди од Бундеслигата!