Екипата на Барселона го совлада вечниот ривал Реал Мадрид во кошарското Ел Класико со 75:73 во рамките на 2.коло на Евролигата. Meчот можеше да заврши по лошо за Барселона која имаше предност од 18 поени на 7 минути пред крајот. Но противникот стигна до 2 поени во финишот и имаа напад за победа или реми меѓутоа не успеаја да направат пресврт.
„Каталонскиот“ тим поведе со 24:15 во првата четвртина, па кралскиот тим немаше сили да направи пресврт во текот на мечот. Кошаркарите на Барса постојано имаа предност во финишот „кралевите“ се приближија на два поени меѓутоа не успеаја во финишот да го свртат резултатот.
Кај победничката екипа Сертач Шанли постигна 14 поени, Јан Весели 13, а Томас Саторански 12. Кај Реал најефикасен беше Габриел Дек со 17 поени, Петр Корнелие постигна 12.
Кошаркарите на Црвена Звезда во маратонски меч изгубија од Панатинаикос со 75:77 запишувајќи го вториот пораз сезонава во Евролигата. „Црвено-белите“ ја добија првата четвртина, но во втората беа ептен лошо поради што му дозволија на грчкиот тим да направи пресврт и да го превземе водството кое го контролираше до крај и победи.
РЕЗУЛТАТИ
ЦРВЕНА ЗВЕЗДА – ПАНАТИНАИКОС 75:77
МОНАКО – ЕФЕС 95:92 по продолженија
БАРСЕЛОНА – РЕАЛ МАДРИД 75:73
ВИРТУС – БАЕРН 66:63