Аргентинскиот кошаркарски интернационалец и досегашен член на тимот на Милвоки Бакс во НБА лигата, Лука Вилдоза е нов член на тимот на Црвена Звезда.
Тимот од Белград е главен кандидат за освојување на титулата во АБА лигата, домашниот шампионат на Србија, а сака да одигра и што посериозна улога во Евролигата, па нормално е што доведува засилувања од најквалитетното кошаркарско опкружување.
Вилдоза има 27. години досега играше и за екипите на Куилмез и Басконија, а дорбо се снаоѓа и на позицијата плеј, а и на позицијата бек шутер.