Кузмановски: Лазаров, Стоилов…, долги години имаа трпение за нас! Сега со Тале треба да бидеме пример за помладите!

1802

Првата победа на новата Македонија во квалификациите за пласман на ЕП 2024 година е заверена. Ракометарите вчера го одбранија домашниот терен, славеа убедливо против аутсајдерот Луксембург со 38-24.

Новата генерација покажа дека е гладна за победи и голови, сите кои се најдоа на списокот на Кирил Лазаров, максимално ја искористија довербата, 13 играчи се запишаа во листата на стрелци.

„Децата“ кои ги растеше генерацијата на Лазаров, Стоилов, Миркуловски…сега пораснаа и прераснаа во лидери на теренот. Филип Кузмановски и Филип Талески, ја повлекоа иднината. Товарот веќе е на нивни грб, свесно и одговорно ја прифатија нивната улога во нашиот национален тим. Добро знаат низ каков пат чекорат нивните помлади соиграчи од репрезентацијата.

„Нашите цели се исти да продолжување на континутетот на големите првенства. Се бориме на секој меч да го дадем максимумот имаме многу млади играчи. Јас и Тале сега сме лидери, треба да бидеме пример за помладите. Ја немаме поддршката од Кирил Лазаров, Стоилов и Миркуловски и останатите што беа искусни. Играме модерен ракомет, тренираме напорно, оваа генерација ќе има што да покаже во иднина. Наша цел е да имаме 16 играчи, кога ќе се направи измена да не се чувствува таа разлика.

Како млад се чувствуваш дека немаше голем притисок, ние тогаш требаше да напредуваме, долги години имаа трпение да прераснеме во квалитетни играчи. Дојде време да ги замениме и да се покажеме во најдобро светло и да продолжиме да чекориме по истиот пат“, изјави по мечот Филип Кузмановски, кој против Луксембург постигна пет гола.

Македонија веќе се врти кон нов меч, во недела и гостува на Турција во Ван. Со победа на оваа средба протите кон ЕУРО 2024 ќе бидат широко отворени.

ПретходноЛут зошто не е меѓу најдобрите: Мбапе нема да дојде на доделувањето на „Златната топка“
СледноИгор Гацов на местото на Митев во Ангели!