ЛЕ: Јунајтед дури во судиското продолжение го скрши бункерот на Омонија

401

Манчестер Јунајтед ги собра трите бода во дуелот со кипарска Омонија пред своите навивачи на „Олд Трафорд“ (1:0) и тоа со гол во судиското продолжение на времето. Со тоа „Црвените ѓаволи“ го освоија деветтиот бод по 4.кола во Лигата на Европа, а до пленот стигнаа со многу мака.

И покрај тоа што имаа апсолутна доминација, 31 шут на гол од кои 11 прецизни, дури 12 корнери (гостите имаа три шута и еден корнер) сепак момците на Ерик Тен Хаг го пробија противникот во третата минута од судиското продолжение. Стрелец на голот беше Мектоминеј.

ГОЛОТ НА МЕКТОМИНЕЈ НА ОВОЈ ЛИНК

Во нивната група Сосиедад со 3:0 славеше над Шериф и со 12 бодови обезбеди пласман во наредната фаза.

Црвена Звезда го совлада Ференцварош со 4:1 пред една недела, а вечерва загуби на реваншот со 2:1. Во истата група Трабзон со 4:0 го растури Монако, а еден од головите го постигна Енис Барди.

Во оваа група Х, Ференцварош води со 9 бода, втор е Трабзон со 6, трет Монако исто така со 6, а последна Звезда со 3 бода.

РЕЗУЛТАТИ
ФЕРЕНЦВАРОШ – Ц.ЗВЕЗДА      2:1
ЛАЦИО – ШТУРМ            2:2
ЛУДОГОРЕЦ – ХЕЛСИНКИ           2:0
МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД – ОМОНИЈА        1:0
ПСВ – ЦИРИХ    5:0
СОСИЕДАД – ШЕРИФ    3:0
ТРАБЗОН – МОНАКО     4:0
УНИОН БЕРЛИН – МАЛМЕ          1:0

 

 

ПретходноФантастичен гол на Барди против Монако (видео)
СледноЛК: Балкани водеше на полувреме, па загуби од Сивас