ЛК: Партизан го „спакува“ Келн (видео)

132

Во Лигата на конференции се одиграа осум натпревари во првиот термин, а во групата Д екипата на Партизан го совлада Келн со 2:0 и е на чело на табелата, но сега има 8 бода (2 победи и 2 ремија), четири повеќе од Келн кој сега е трет во групата. Ница која има 5 бода вечерва ќе игра против Словачко кој е последен.
Головите за „црно-белите“ ги постигнаа Диабате во 15. минута и Рикардо Гомеш во 52.минута.
Во нокаут фазата веќе се пласира Башакшехир кој вечерва го победи РФС од Летонија и има недостижни 10 бодови на чело на табелата. Фиорентина е втора со 7 бода после победата над Хартс со 5:1 на домашен терен.
И Виљареал од групата Ц е во следната фаза по победата против Австрија Виена со 1:0. Шпанците имаат 13 бода дури осум повеќе од третопласираната екипа која има и меч помалку.

АПОЛОН – АЗ   1:0
АВСТРИЈА ВИЕНА – ВИЉАРЕАЛ              0:1
БАШАКШЕХИР – РФС    3:0
КЛУЖ – СЛАВИЈА ПРАГА             2:0
ЃУРГАРДЕН – ГЕНТ          4:2
ФИОРЕНТИНА – ХАРТС                5:1
ПАРТИЗАН – КЕЛН          2:0
СЛОВАН – БАЗЕЛ            3:3

ВЕЧЕРВА ИГРААТ
БАЛКАНИ – СИВАС
ФЦСБ – СИЛКЕБОРГ
ХАПОЕЛ Б.Ш. – ЛЕХ
НИЦА – СЛОВАЧКО
ШЕМРОК – МОЛДЕ
ВАДУЦ – ДЊИПРО
ВЕСТ ХЕМ – АНДЕРЛЕХТ
ЖАЛГИРИС – ПЈУНИК

 

ПретходноЛЕ: Алиоски асистент, Тричко стрелец на гол, АЕК поразен од Фенербахче (видео)
СледноСрпски тајкун го купува бугарскиот гигант!