Во Боливија се одигра еден од најлудите натпревари во локалниот шампионат во историјата, а на сцената беа ривалите Стронгест и Боливар. Мечот беше спектакуларен затоа што заврши со осум голови после 23 минути надополнување на времето, четири црвени картони и дури четири погодои во судиското продолжување.
Конечниот резултат е 4:4, а до 86 минута на семафорот стоеше 3:1 за домашниот тим. Всушност во 56 минута екипата на Стронгест поведе со 3:0 и се чинеше дека ќе дојде до триумф но се случи чудо.