Нема сензација во Кале: ТФТ едвај го победи Чаир!

132

Во првиот меч од 2.коло во нашата елитна лига, попладнево во СРЦ “Кале“ ТФТ со 87:83 успеа да го победи Чаир како гостин. Ова е прва победа на ТФТ во новата сезона, а на Чаир прв пораз.

Интересна битка, израмнета, со периоди кои ги имаа и двете екипи, сепак на крај подобар и поснаодлив беше тимот од скопската населба Тафталиџе.

ТФТ подобро го отвори мечот, иако Чаир имаше водство од 4:2, речиси во поголемиот дел од првата четвртина гостите ја имаа предноста. Но сепак на крајот Чаир го доби овој период со 19:16, откако претходно имаше 17:16 предност. Борбено беше во СРЦ “Кале“, чаирчани беа мотивирани, додека ТФТ се бараше себе си.

Како што и се очекуваше ТФТ малку “запна“, со агресивна одбрани и прецизни шутеви ја презема контролата врз играта и направи пресврт во таа втора четвртина. На крајот резултатот гласеше 21:28. Па така на пауза се замина со четири поени предност за фаворитот.

Следуваше период во кој Чаир заигра подобро, посебно во финишот на третата четвртина и во самиот финиш со тројката на Рушити и полагањето на Александровски дојде во водство од 62:61. Интересно беше, Чаир бодрен од фановите се чини дека го даваше својот максимум во тие моменти.

Во последната решавачка четвртина израмнето беше на резултатски план. ТФТ најчесто имапше тесна предност, но Чаир тоа без проблем го достигнуваше. И така беше до 5.минута од оваа четвртина кога ТФТ се “одлепи“ на + 5 разлика.

Се чини дека ТФТ го доби овој меч на 2 минути до крајот кога Стојановски и Батрик стрелаа за +10 поени, 70:80.

Сепатк така не мислеа чаирчани, кои на 1.21 минута дојдоа на -4 поени. Но Костовски со тројка на 60 секунди до крајот како да го “олади“ домашниот состав.

На крај ТФТ победи со 87:83 а најдобри поентери беа Андерсон со 20 и Батрик 15 поени, додека кај поразениот тим одлична партија имаше Мохамед со 26 поени, додека Александровски постигна 21 поени.

ПретходноСкандал: Во соблекувалната на ПСЖ никој не сакал да комуницира со Мбапе!
СледноТопката со која Марадона ги постигна најпознатите два гола во историјата оди на аукција! (ВИДЕО)