Очајниот старт на сезоната на тимот на Борец од Велес направи овој тим да го смени стручниот штаб односно да постави нов тренер. Тоа е Никола Аврамовски, кој заедно со својот прв помошник Туш Зефиќ ќе се обидат да го поправат впечатокот на велешкиот второлигаш сезонава кој уште од сега сериозно е тргнат кон испаѓање во регионот.
Борец минатата година беше прволигаш, имаше претходно одлични резултати и организациска поставеност, но по промената на сопственичката структура, фудбалски велешкиот миленик што се вели отиде во неповрат.