Одбојкарите на Србија ќе ја бранат титулата светски шампион освоена во 2018 година во Јапонија, откако синоќа се пласираа во своето второ последователно финале на светските првенства победувајќи ја селекцијата на САД со 3-1 (25-21, 25-20, 17-25, 25-23) полуфиналето во Гливице, Полска.
Капитенот на тимот, Тијана Бошковиќ со 33 поени ги предводеше Србинките до уште една, 11-та победа на ова светско првенство. Репрезентацијата на Србија без пораз стигна до полуфиналето, а српските одбојкарки беа подобри од Американките и во првиот дел од групната фаза на натпреварувањето, кога победија во три сета.
Вечерва (20 часот) ќе дознаеме кој ќе биде противник на Србија во големото финале, откако во холандски Апелдорн ќе се одигра вториот полуфинален натпревар во кој ќе се сретнат селекциите на Италија и Бразил.