Скандал: Во соблекувалната на ПСЖ никој не сакал да комуницира со Мбапе!

665

Иако спортскиот директор на ПСЖ Луис Кампош ги демантираше сите завчерашни написи дека Килијан Мбапе ќе си оди од клубот, сепак факт е дека има нешто. Познато е дека Мбапе е незадоволен од се она што го опкружува во клубот, но исто така се чини дека на сите им е преку глава од негвиот однос, па така наводно во соблекувалната никој не сакал да комуницира со него.

Од соиграчите единствено Хакими понекогаш ќе “разврзел“ муабет со Килијан, по некој збор и Кимпебме и Етиките, додека сите останати на чело со Меси, Нејмар и Рамос не можеле да го поднесат.

И се поради тоа што Мбапе се однесувал како да е газда на ПСЖ.

ПретходноРудигер би можел да биде во ред за Ел Класико викендов
СледноНема сензација во Кале: ТФТ едвај го победи Чаир!