Според ФБ: Шкендија е најпопуларен фудбалски клуб во Македонија, следуваат Вардар, Шкупи, Работнички…

1912

Во ова модерно време на ФБ и останатите социјални мрежи, се разбира за дел од фановите, твојот клуб“поважно“ е да има што повеќе следачи отколку титули, победи. Што повеќе имаш „лајкови“ тоа се поважен, помоќен, позначаен. Без разлика колку гледачи имаш на трибините кога твојот тим игра еден фудбалски натпревар.

Па така, ако се земат како меродавни ФБ – профилите на нашите клубови, тука ги сметаме оние од ПМФЛ и ВМФЛ, тогаш излегува дека Шкендија е убедливо најпопуларниот фудбалски клуб во Македонија со 111.570 следачи што е импресивна бројка за наши услови.

На второ место е Вардар со 96.000 следачи, следува шампионот Шкупи со 31.000 па Работнички со 13.000. Оваа бројка “романтичарите“ ја “напумпаа“ пред 7-8 години кога просто “дрмаа“ во мак – фудбалот и кога играа во плеј – офот во ЛЕ.

Подолу можете да ја видите листата или табелата на 20-те најпопуларни клубови во Македонија.

Секако дека треба да се има в предвид дека одредени клупски ФБ-групи беа укинати, па потоа беа “отворени“ нови, можеби и затоа има помалку од очекувањата кај некои клубови.

Како и да е, ова е моменталната листа на најпопуларните клубови според Фејсбук – следачите.

На крај да кажеме дека в предвид се земени само клубови од ПМФЛ и ВМФЛ.

ТАБЕЛА

1.ШКЕНДИЈА 111.570 (следачи)

2.ВАРДАР 96.000

3.ШКУПИ 31.000

4.РАБОТНИЧКИ 13.000

5.ПЕЛИСТЕР 12.000

6.СТРУГА ТЛ 9.800

7.ГОСТИВАР 8.800

8.А.ПАНДЕВ 8.100

9.БЕЛАСИЦА 6.900

10.БЕСА 6.300

11.ПОБЕДА 6.200

12.БРЕГАЛНИЦА 5.900

13.КОЖУФ 4.800

14.МАКЕДОНИЈА ЃП 4.500

15.ВОСКА СПОРТ 4.200

16.АРСИМИ 4.100

17.КАРАОРМАН 3.800

18.ТИКВЕШ 3.600

19.СИЛЕКС 3.300

20.ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА 3.300

*Ренова има 9.600 следачи, но првиот тим не постои и затоа не е земена в предвид за оваа табела

ФБ – ПРОФИЛОТ НА ФФМ УБЕДЛИВО НАЈПОПУЛАРЕН

Ако се земат бројките на ФБ – профилите од останатите спортови, потоа од Федерациите, тогаш доаѓаме до заклучок дека онаа на ФФМ со 132.400 следачи е најпопуларна. Потоа доаѓа на ред РК Вардар со 128.000 сделачи, па на трето место Шкендија со тие 111.570. ФК Вардар е на четврто место со 96.000.

Ракометната Федерација има 23.500, додека Кошаркарската само 11.700.

Кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје има 16.000 следачи, додека РК Е. Пелистер само 4.700. Интересно, ФБ – профилот на РК Металург стигна до бројка од 78.000 следачи, но се знае што се случи со овој клуб.

ТАБЕЛА

1.ФФМ 132.400 (следачи)

2.РК ВАРДАР 128.000

3.ШКЕНДИЈА 111.570

ПретходноНикола Аврамовски и Туш Зефиќ го преземаа Борец
СледноФановите на Барса го нарекоа Меси – ПРЕДАВНИК!