Струмица и Работнички вечерва ја отвораат новата одбојкарска сезона

570

Со натпреварот меѓу Струмица и Работнички, вечерва (19.30 часот) и официјално стартува новата одбојкарска сезона во Македонија. Почетокот на новото првенство кај дамите ќе го одбележи дербито во Струмица во кое фаворитската улога ќе ја имаат гостинките, кои се актуелни шампионки на нашата земја.

Струмица со нов тренерски кадар по заминувањето на Атанас Милев во машкиот состав, ќе се обиде да одигра уште една добра сезона и активно да се вмеша во битката за самиот врв на табелата. Струмичанки уште денеска ќе покажат во каква форма влегуваат во новата сезона против шампионот, кој веќе тргна со натпреварувачка активност, затоа што беше македонски преставник во Балканскиот куп одигрувајќи серија натпревари на турнирот во Бања Лука.

Останатите дуели од премиерното сезонско коло ќе се играат викендов, исто како и првите мечеви од новата сезона во машката одбојкарска лига.

ПРВА ЛИГА – ЖЕНИ

1. КОЛО

Вардар Ж. – Јанта Волеј

Наковски Волеј – Вардар ЕМ

Фит Фан Волеј – Македонија Макс

Струмица – Работнички

ПретходноКампацо повторно ќе игра заедно со Лука Дончиќ
СледноЛЕ: Тричко го чека Џани, Барди и Трабзон не смеат да „кикснат“