Одредени се судии и за 8.коло во ВМФЛ. Има неколку интересни мечеви кои ќе се одиграат во ова коло во недела со почеток од 14 часот. Секако дека едно од тие е дербито на Полог во кое се среќаваат Тетекс и Гостивар, а овој меч ќе го суди Стојанче Трпчевски од Кавадарци. Овој натпревар се игра во Велес поради казната на „штофарите“ по мечот со Каменица Саса кога неодговорен фан го удри гостинскиот фудбалер Бошко Ступиќ.
Игор Стојчевски од Скопје ќе биде “главен“ на средбата Беласица – Воска Спорт, додека Доне Ристовски од Гевгелија ќе им суди на Вардар и Беса.
ДВОЈКИ И СУДИИ ЗА 8.КОЛО ВО ВМФЛ – НЕДЕЛА (14 Ч)
Пелистер – Слога (В): Ндерим Тефику (Куманово)
Беласица – Воска Спорт: Игор Стојчевски (Скопје)
Тетекс – Гостивар: Стојанче Трпчевски (Кавадарци)
Вардар – Беса: Доне Ристовски (Гевгелија)
Кожуф – Каменица Саса: Боби Величков (Велес)
Арсими – Пехчево Скопје: Владимир Ѓорѓиевски (Битола)
Охрид – Караорман: Александар Грујоски (Кичево)
Детонит Плачковица – Борец: Миле Лазов (Неготино)