Турција убедливо поразена пред дуелот со Македонија

399

Првото коло во групата 1 во која се наоѓа македонската ракометна репрезентација е комплетирано. Очекувано, Португалија дојде до убедлива победа против Турција на домашен терен, славеше со 44-37.

Турските ракометари беа рамноправен противник само на стартот на мечот, по 3-3, Португалците со серија од 7-0 поведоа со 10-3. Брзо дојдоа на двоцифрени 16-6, најголемата позитива во овој период изнедуваше 13 гола разлика (21-8).

Ништо не се промени ниту во продолжение иако Турција на момент изледаше подобро од првото полувреме, сепак  на крајот запиша убедлив пораз од 17 гола разлика.

Јагмуроглу со шест гола беше прв стрелец кај следниот противник на Македонија во квалификациите за ЕП 2024 година, два гола помалку запиша Тинкир.

Дуелот меѓу Турција и Македонија е закажан за во недела во Ван.

 

РЕЗУЛТАТИ 1. КОЛО

Австрија – Романија 36-32

Норвешка – Словачка 38-26

Полска – Италија 30-23

Холандија – Белгија 25-24

Словенија – Босна 28-20

Португалија – Турција 44-27

ПретходноСрпски тајкун го купува бугарскиот гигант!
СледноЕвролига: Барселона славеше во Ел Класико, а за малку ќе ја прокоцкаше победата