Во пријателски натпревар на У-15 селекциите на Македонија и Србија денеска на ФФМ одиграа 2:3. Ова беше втор пријателски меч по оној завчера кога резултатоот беше 2:2.
На денешната средба момците на Раде Каранфиловски дојдоа во водство со голот на Митановски во 10.минута. Сепак гостите од Србија со три гола, од кои два на Матијашевиќ и еден на Маровиќ, поведоа со 1:3. До крајот нашата У-15 селекцијата преку Грашевски успеа да го ублажи поразот.
Ова беше уште една убава можност на дело да се видат потенцијата на У-15 селекцијата на Македонија.