Јуве резултатски тоне, а Алегри доби „герила“ поддршка

215

Екипата на Јувентус во моментов има сериозен играчки и пред се резултатски проблем. На последните девет меча победи само два пати, има огромни проблеми како во домашниот шампионат така и во Лигата на Шампионите, и тренерот Масимилијано Алегри е под голем притисок.

Сепак, на големо изненадување на јавноста во Италија, на стадионот на Јуве, синоќа се појави банер порака со која навивачите му даваат поддршка на еден од најјуспешните тренери во историјата на клубот. Алегри со Јуве во првиот негов мандат освои, пет титули, четири куп на Италија, и два пати играше во финалето на Лигата на Шампионите.

„Мистер Алегри не давајте оставка. Тие што се борат против вас, не го заслужуваат дресот на Јувентус“ – стои во пораката.

ПретходноСудии за 8.коло во ВМФЛ: Трпчевски ќе го суди дербито на Полог кое се игра во Велес!
СледноЗвезда доведе засилување од НБА лигата