Следната 2023 година е големиот јубилеј, 30 години од првиот меч на нашата А-репрезентација во самостојна Македонија. На денешен ден пред точно 29 години, Македонија во Крањ го одигра првиот свој меч и успеа да ја победи Словенија со 1:4.
Од тогаш минаа години и години. Игравме на ЕП 2017 за младинци, игравме на ЕП 2020 за сениори, 90 минути не делеа од СП во Катар. За овие 29 години игравме историски мечеви со Англија на гости 2:2, со Германија победа од 1:2, епската победа над Италија во Палермо.
Сето тоа ќе го паметиме, но ќе се памети дека за оваа Македонија првиот гол го даде Зоран Бошковски – Чоко во Крањ. Стрелци на тој меч беа и Панчев, Канатларовски и Јаневски.
Од тогаш навака, за време на овој период од 29 години, Македонија одигра 267 официјални и пријателски мечеви со 66 репрезентации. Имаме 83 победи, 67 ремија и 117 порази со гол разлика 322:356 голови.
Сонот го остваривме, игравме на едно големо фудбалско натпреварување, на ЕП 2020. Сега е време за континуитет…