Спортскиот директор на Барселона, Жорди Кројф го коментираше ремито со Интер (3:3) по кое Каталонците значително ги намалија шансите за место во нокаут-фазата.
„Се чувствувам разочарано. Тимот направи се. Примените три гола многу го отежнуваат постигнувањето на целта. Важно беше први да погодиме, што ја смени играта, но ремито не уби во 48. минута. Нема објаснување. Тимот игра поинаку. Сега сме зависни од резултатите на противниците. Ако победи Интер, ќе бидеме вознемирени. Мораме да победиме во натпреварите од Лигата на шампионите кои останаа, не заборавајќи ја шпанската лига, каде што добро почнавме. Кога ќе паднеш, треба да станеш. Играчите се навикнати на тоа. Разочарувањето трае еден ден и играчите знаат колку е важен следниот натпревар против Реал Мадрид. Играчите ќе излезат силни“, изјавил Кројф.