Пред стартот на новата сезона во Втората лига на клупата на Ангели дојде до промена. Боби Митев поради приватни причини мораше да го напушти клубот, на негово место по негова препорака ќе застане Игор Гацов.
Тренерот кој им даде шанса многу одамна на неискусните македонски репрезентативци, Војдан и Дамјан Стојановски во Амак СП, кои денеска прераснаа во вистински лидери, ќе го предводи тимот од Кисела Вода.
Гацов е на вистинското место, особено ако се знае дека главната цел на Ангели е да создава таленти, да им дава шанса на младите кошаркари, кои еден ден ќе го облечат дресот на македонската репрезентација.
Последен ангажман на младиот тренер беше Академија ФМП, ја водеше во второлигашкото друштво, каде дојде по долгодишна работа како скаут во неколку европски екипи.
Покрај Амак СП, Гацов во својата тренерска кариера работеше со тимовите на Работбички, МЗТ Скопје во прволигашкото друштво.
Дебито на клупата ќе го има овој викенд против Вардар на гостински терен.