Кампацо повторно ќе игра заедно со Лука Дончиќ

237

Аргентинскиот плеј Факундо Кампацо (178 см, 31 година) се согласил да потпише договор со Далас Маверикс, информира „Марка“.

Кампацо ги помина претходните две сезони во Денвер, а минатата година имаше просек од 5,1 поен и 3,4 асистенции по натпревар.

Кошаркарот кој се прослави со одличните настапи во Европа, имаше понуди за враќање на Стариот континент, но сепак, решил да остане во НБА и трета сезона. Тој избрал да потпише 1-годишен договор со Далас вреден 2 милиони долари.

Кампацо добро го познава лидерот на Маверикс, Лука Дончиќ со кого играше заедно во Реал Мадрид.

ПретходноЛегендарно: Салах за 6 минути урна два рекорди во Лигата на шампионите
СледноСтрумица и Работнички вечерва ја отвораат новата одбојкарска сезона