Менаџерот на Луверпул, Јирген Клоп нормално е воодушевен од настапот на неговиот состав во Лигата на Шампионите синоќа на гостувањето кај Ренџерс во Шкотска, кога премиерлигашот обезбеди победа од 1:7. Ливерпул се мачи сезонава на играчки и резултатски план но овојпат момците на клуб одиграа за чиста десетка.
“Ми се допадна и начинот на кој игравме во првото полувреме, да бидам искрен. Примивме гол по добра комбинација, но нашата реакција беше добра. Прикажавме извонреден фудбал на моменти во првото полувреме. Мо е неверојатен играч, ние сите го знаеме тоа и тој го потврди тоа повторно вечерва. И Фирмино е играч на кој секогаш можеме да му веруваме и да се потпреме. Тој постигна постигна израмнувачкиот гол, многу важен за нас. Тој одигра многу добар натпревар, но да бидам искрен, сите беа брилијантни вечерва. Навистина сум задоволен. Атмосферата е единствена овде, толку е јасно. Знаеме како е на вакви гостувања. Овој натпревар можеше да биде многу потежок, но игравме прекрасен фудбал. Кога играме со полн потенцијал, сме многу силен тим и тоа се покажа вечерва“, – изјави Клоп по вчерашниот меч.