„Мундо Депортиво“: Барса се „крстеше“ во парите од ЛШ, сега остана без 20 милиони евра

332

Се чини дека сè укажува на тоа дека Барселона на пролет ќе игра само во Лигата на Европа. За сите во клубот тоа ќе биде неуспех не само на спортски, туку и на финансиски план. Без промоција во нокаут-фазата, Каталонците остануваат без планираните „милиони“ кои требаше да покријат голем дел од дупките во годинешниот буџет.

„Мундо Депортиво“ пишува дека Каталонците би можеле да загубат повеќе од 20 милиони евра со елиминацијата во групната фаза. Според весникот, управата на Барселона била толку уверена во промоцијата во нокаут-рундата од Лигата на шампионите што ги вклучила 20-те милиони евра во буџетот за оваа сезона, кој официјално беше одобрен пред неколку дена на генералниот состанок на акционерите. Уште повеќе, Каталонците пресметаа дека не само што ќе ја минат групата, туку и ќе се пласираат минимум во четвртфиналето. Тие веќе почнале да ги бројат парите што ги немаат, па дури и ги ставиле во буџетот. Реалноста се покажа како разочарувачка за нив.

„Мундо Депортиво“ пренесува дека дури и освојувањето на Лигата на Европа, нема да може да ја покрие финансиската загуба на Барселона.

ПретходноЛЕ: Тричко го чека Џани, Барди и Трабзон не смеат да „кикснат“
СледноЛут зошто не е меѓу најдобрите: Мбапе нема да дојде на доделувањето на „Златната топка“