Челси и дефинитивно не се шегува. Тимот од “Стамфорд Бриџ“ одново сака не само да ја покори Англија туку и фудбалска Европа. Па затоа новиот газда Тод Боли имал намера да одвои дури 300 милиони евра со кои би купил четири ѕвезди кои сега играат во Бундеслигата.
Прва цел е Крсистофер Нкунку од Лајпциг за кого Челси има намера да понуди 60 милиони евра. Втор на списокот бил Јошко Гвардиол, исто од Лајпциг а овој трансфер би се реализирал за 90 милиони евра.
Најмногу пари би се потрошиле за Џад Белингам од Борусија Дортмунд кој би чинел 120 милиони евра. За овој фудбалер силно е заинтересиран бил и Реал Мадрид, но и сите поголеми клубови во Премиерлигата.
Четвртото име кое Челси го планира е Бенџамин Павар од Баерн Минхен, кој за 35 милиони евра би се преселил во Лондон.