Барса на „Ел Класико“ ќе игра со дрес со ликот на був (ФОТО)

277

Барселона официјално објави дека за претстојното „Ел Класико“ против Реал Мадрид тимот ќе излезе со специјални дресови. Големата пресметка е закажана за в недела, а новите дресови со кои ќе играат Каталонците се разликуваат само во логото на предната страна.

На местото на логото на нивниот главен спонзор „Спотифај“ ќе се појави ликот на був, кој се поврзува со канадската поп ѕвезда Дрејк. Причината за овој потег е тоа што пејачот стана првиот изведувач кој достигна 50 милијарди преслушувања на неговите песни на музичката платформа.

ПретходноЕХФ ги одреди саатниците: Е. Пелистер против Архус почнува во вечерен термин
СледноВнукот на Шумахер имаше страшна несреќа, скрши лумбален пршлен (ВИДЕО)