Македонскиот репрезентативец Енис Барди вчера имаше одличен настап во дресот на Трабзонспор и со еден прекрасен погодок од слободен удар придонесе за високата победа над Монако од 4:0. Токму неговиот погодок, УЕФА го стави во изборот за „Гол на колото“ во Лигата на Европа.
Во конкуренција за ова признание се најдоа уште три погодока од вчерашните дуели, а победникот ќе го дознаеме по завршувањето на гласањето кое се одвива на следниот ЛИНК.
A, B, C or D ❓ Who gets your vote for #UEL Goal of the Week? ⚽️🔥@Heineken | #UELGOTW
— UEFA Europa League (@EuropaLeague) October 13, 2022