Македонската кадетска репрезентација го доби првиот од двата пријателски натпревари против селекцијата на Црна Гора. Избраниците на Раде Стојановиќ во Бар славеа со 30-32.
Лидери во составот на Македонија беа, Андреј Стојановски со девет погодоци, додека зад него беше Александар Петковски со шест гола.
Вториот пријателски меч меѓу двете селекции на програмата е утре.
Инаку ова е прв собир на кадетите по освојувањето на ЕХФ Шампионатот во Летонија, преку кои Македонија обезбеди место на ЕХФ Еуро и следниот мундијал.